Србија го добива рускиот ракетен систем C-300

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот руски колега Владимир Путин постигнаа договор за купување шест руски хеликоптери Ми-17 и ракетен систем С-300, јавуваат српските медиуми.

 

Тоа што сѐ уште нема официјална потврда за договорот на двајцата претседатели околу вооружувањето експертите го толкуваат како желба деталите од договорот, пред сѐ финансиските, да останат деловна тајна. За набавката на противвоздушниот ракетен систем С-300 српската јавност веќе подолго време шпекулира, а Вучиќ пред да отпатува во Москва изјави дека целиот свет на таа набавка гледа како да не сака Србија да биде воено силна.

 

Србија со купувањето на шест хеликоптери Ми-17 би имала вкупно осум вакви летала. Станува збор за летало со дострел од 67 километри или 1.180 километри со помошни резервоари. Максималната брзина на хеликоптерот е 250 км/ч, а крстосувачка од 220 до 230 км/ч.

 

Што се однесува до борбените авиони, по набавката на шесте руски МиГ-29, Србија вкупно има 10 вакви авиони. Сите десет српски „мигови“ во моментов се на ремонт, по што ги очекува постепена модернизација односно продолжување на векот на траење до 2030 година. Покрај нив, српската авијација има и три МиГ-21, како и 17 авиони „орао“, чија модернизација исто така се најавува.

 

Од друга страна, Србија во моментов не може да се пофали со модерна противвоздушна одбрана бидејќи ракетните системи ѝ се од времето на СССР: „стрела“, „куб“ и „нева“. Сега српската војска конечно би можела да добие противвоздушен систем С-300 чија пазарна цена е од 115 милиони долари до половина милијарда долари, а Србија наводно треба да добие многу поповолна цена. Системот С-300 во Србија би можел да стигне од Белорусија или директно од Москва.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien