ВИДЕО: Барса го потопи Реал со 0-3 во првото Ел Класико

Првото овосезонско „Ел Класико“ заврши во корист на Барселона. Титулата во шпанската Ла Лига се чини дека е практично завршена, откако Барселона го демолираше Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 0:3 за позитива од неверојатни 14 бода веќе во декември.

 

Мечот започна супер-возбудливо и мрежата на Барселона се затресе по само 100 одиграни секунди, но голот на Роналдо со глава беше оправдано поништен, пореди офсајд ситуацијата, во која се наоѓаше Португалецот при ударот кон голот на Тер Штеген. Иако во продолжението на првото полувреме и двата тима имаа шанси за водство, сепак на пауза се замина со резултат 0-0.

 

Но во вториот дел се чекаше само 9 минути за првото вистинско возбудување. Барса во продолжението тргна многу посамоуверено и го нападна голот на Реал, а тоа резултираше со водство од 0-1, откако фудбалерите на Валверде одиграа фантастична контра, која во гол ја претвори Луис Суарез.

 

Само неколку минути подоцна следуваше вистински шок за „кралевите“. Во казнениот простор Карвахал играше намерно со рака, со што доби искучување и пенал за Барса. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Лионел Меси за огромни 0-2.

 

Со овој гол Меси стана најефикасниот фудбалер во дресот на еден клуб во најдобрите пет европски лиги. Аргентинецот дојде до бројката од 526 гола и на листата го мина Герд Милер со 525 гола.

 

Реал и во последните мигови се трудеше да стигне до пристоен пораз, но Барса искусно ја чуваше топката, а преку нововлезениот Алеиш Видал во 92. минута ги постави конечните 0-3.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien