Груевски прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот во оставка, Никола Груевски на Конгресот во Валандово беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му беше доделена  плакета за благодарност за неговата работа во партијата.

 

Ова се должи, според партијата, на фактот што тој донесе десет последователни изборни победи за ВМРО-ДМПНЕ, како и на значајниот напредок кој партијата го забележа во однос на бројот на членството и финансиската моќ.

 

Груевски рече дека жали што конгресот се случува во вакви емотивни и невообичаени околности кога партијата е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од неговите членови.

 

“Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видат вакво однесување на мои блиски соработници кои се наоѓаат под притисок.”

 

Тој најави и Закон за амнестија за настаните од 27 април.

 

“ВМРО-ДПМНЕ веќе подготви закон за настаните од 27 април и наскоро ќе се појави во парламентот кој се надевам дека ќе биде прифатен.”

 

Груевски ги набројуваше и успесите на партијата и изрази благодарност до членовите и соработниците кои го поддржувале.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien