Меси го урна рекордот на Герд Милер

Со денешниот гол во Ел Класико, Меси урна рекорд стар речиси 40 години!

 

Погодокот за 2-0, во триумфот од 3-0 против Реал беше број 526 за Меси во дресот на Барселона, што претставува најголем број голови за еден играч во еден ист клуб, кој се натпреварува во една од петте најдобри лиги во Европа. Ова достигнување досега го имаше потпишано легендарниот Германец, Герд Милер, со 525 гола за Баерн Минхен во периодот од 1965 до 1979 година.

 

 

Лидер по голови за еден клуб во Европа е Јозеф Бичан, кој во периодот 1937-1949 постигна 534 гола за Славија Прага. Светскиот рекорд му припаѓа на Бразилецот Пеле, кој има 643 гола за Сантос.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien