Најмалку 32 лица загинаа, а десет се повредени кога автобус паднал од мост во река во Раџастан, Индија. Несреќата се случила кога, според информациите од индиските медиуми, автобусот се обидел да претекне друго возило, по што ја пробил заштитната ограда, излетал од патот и од висина од 20 метри паднал во реката Банас.
Спасувачките екипи извлекле 33 тела од реката, додека десет патници се повредени и хоспитализирани.
Сообраќајните несреќи во Индија се многу чести и повеќе од 110.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи. Се случуваат најчесто поради замор на возачот, невнимание, лош квалитет на патиштата и возилата, како и од преголем број на патници.