Пожар изби во најстарата зоолошката градина во светот

Повеќе од 70 пожарникари се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна утрово во зоолошката градина во Лондон.  Нема информација дека некои од животните настрадале во пожарот.

 

Вработените во зоолошката градина ги преместиле животните на безбедно место, а околу три часа подоцна пожарот бил локализиран.

 

Пожарот избил во кафулето и продавница во Зоолошката градина, соопшти пожарната служба. Во нивниото соопштение се додава дека пожарот сега е под контрола, но пожарните служби ќе останат на самото место.

 

Службата за итна медицинска помош на британската престолнина соопшти дека 8 лица се здобиле со лесни повреди.

 

„Укажавме помош на осум лица на самото место на инцидентот: шест од нив поради задушување од чадот, а две за незначителни телесни повреди. Еден човек е хоспитализиран во болница во северозападен Лондон“, информираше портпаролот на службата за итна медицинска помош.

 

Лондонската зоолошка градина, основана во 1928 година, е најстарата во светот. Лоцирана е во северниот дел од кралскиот Риџентс парк. Во моментов зоолошката градина е затворена за посетителите на неодреден период.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien