Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, екстра лесното за денар

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на дизелот се зголемуваат за половина денар.

 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар. Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.

 

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно методологијата за формирање на цените на РКЕ, се зголемуваат во просек за 1,10 проценти.

 

Регулаторот пресметал дека во изминативе две недели, цената на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот биле повисоки. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 64 долари за барел, а курсот на доларот изнесуваше 52,16 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.