ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : За само 2 месеци Јованоски успеа да ги запре сите капитални проекти за Прилеп и манипулира со буџетот за 2018

Градоначалникот Јованоски успеа во само два месеци од почетокот на својот мандат да ги запре сите капитални проекти започнати или предвидени за 2017 година за општина Прилеп, успеа да ги клекне на колена спортските клубови од градот и да го уништи спортот, успеа да ја партизира локалната самоуправа, а не успеа да донесе живот за сите како што ветуваше во предизборниот период. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Градоначалникот вети и дека ќе овозможи учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки и креирање политики на локално ниво, а наместо тоа успеа за себе да направи ситен политички маркетинг со објавата дека ги вклучил граѓаните од Прилеп во донесувањето на буџетот на локалната самоуправа за 2018 год.

 

Градоначалнику Јованоски,

 

Овој ваши обид да ги искористите граѓаните на Прилеп и да глумите транспарентност и отвореност во литературата за активно граѓанско учество се вика манипулација и декор. Да ви појасниме, тоа е ситуација во која граѓаните ги вклучувате само симболично за своите потреби а не ги консултирате и не решавате реални проблеми.

 

Вие на седницата на вашиот граѓански парламент кои сами си го составивте од за вас подобни лица, на присутните им сервиравте готов буџет на кој граѓаните немаа можност да дадат забелешки, а камоли нешто да додадат или изменат.  Доколку вашите намери беа искрени вие ќе спроведевте процес во кој ќе ги консултиравте урбаните заедници, ќе изработевте анкетен прашалник, ќе организиравте јавни собири и фокус групи преку кои вистински ќе ги откриете приоритетите и потребите на граѓаните бидејќи семеен буџет не се креира во еден ден, а камоли буџет на општина  Прилеп.

 

Ве повикуваме, да си ги прочитате и да се потетите кои ветувања ги дадовте во предизборието и да побрзате да ги остварите во интерес на граѓаните.  Да ве потсетивме дека на граѓаните од населбите Три Багреми и Мексико јавно им ветивте дека до 31 декември 2017 година ќе добијат вода и струја.  Рековте дека ќе го вратите епитетот Прилеп најспортски град. Ве повикуваме да не ја жртвувате ФК Победа и спортот во Прилеп! Ветивте многу а не остваривте ништо и затоа ние заедно со граѓаните редовно ќе ве потсетуваме!

 

Прилеп се сака со дела,  не со лажни и нереални ветувања!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien