Заев: Алијансата како млада партија може да се докаже со вицепремиер за реформи

Премиерот Зоран Заев очекува лидерот на Алијанса на Албанците  да го прифати вицепремиерското место за реформи.

 

„Се надевам дека ако нивната одлука е да останат во Влада, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Република Македонија за реформи“, изјави Заев.

 

Посочи дека ниту Арбен Таравари, ниту Зијадин Села го информирале и тој слушнал од медиумите за неговата одлука да оди како кандидат за градоначалник.

 

„Господинот Таравари ниту соопшти, ниту разговараше. Јас од медиумите слушнав дека ќе оди за кандидат за градоначалник. И искрено, во еден момент се надевав дека нема да биде избран за да продолжи да раководи со министерството за здравство. Но, волјата на граѓаните е неприкосновената, така да тие се одлуките“, рече Заев.

 

Според Заев вицепремиерското место за реформи е прифатливо за Алијансата за Албанците, како помала партија со две пратнички места која раководи со 20 институции само на централно ниво.

 

„Се работи за политичка партија која што има две пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во владата и во моментот кога беше понудено при концепирање беше дадена и заради кандидатот. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи имајќи го предвид дека навистина е млада партија што ќе сака да се докажува. Верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив“, рече премиерот.

 

Според премиерот Заев засега нема нови отстапки и компромиси, па така министерството за здравство оди во рацете на СДСМ со предложениот кандидат Венко Филипче, наместо да се прифати кадар од Алијансата за Албанците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.