Петмина загинати откако автобус влета во подземен пешачки премин во Москва

Најмалку пет лица загинаа кога автобус влета во подземен пешачки премин во Москва, соопштија извори на итната медицинска служба.

 

Несреќата се случила во авенијата Кутузивски, во близина метро станицата Славјански булевар. Во несреќата, како што соопшти полицијата, има и 10 повредени.

 

Возачот на автобусот е притворен, а полицијата се уште ги испитува причините за несреќата. Се претпоставува дека најверојатно откажале сопирачките или пак влијаело друго возило. Но, се исклучува можноста дека е терористички напад.

 

На местото од несреќата испратени се 10 возила на брзата помош, спасувачки екипи и пожарникари. Дел од повредените ќе се евакуираат со хеликоптер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien