Секоја чест за „Императорот“: Терим прв му подаде рака на Ебуе

Трогателната исповед на некогашната ѕвезда на Арсенал и Галатасарај, Емануел Ебуе, вчера го обиколи фудбалскиот свет. Своевремено еден од најдобрите десни бекови на планетата моментално ги живее најтешките денови од својот живот.

 

Ебуе раскажувајќи ја својата тажна судбина, јавно побара помош од своите поранешни клубови и соиграчи, а прв кој се јави на неговата прозвика е Фатих Терим кој со својот потег и гест ги воодушеви сите искрени фудбалски фанови ширум светот.

 

Популарниот „Имератор“ кој е тренер на Галатасарај дознал за тажната животна приказна на Ебуе за време на полувремето на вчерашниот меч со Гезтепе, а сега за турските медиуми изјави дека во разговор со раковоството на клубот, било донесено одлука да му се понуди тренерска работа на поранешниот десен бек на Арсенал за тимот до 14 години.

 

Ги слушнав вестите за Ебуе во соблекувалната и бев информиран што му се случило. Разговарав со клубот и има понуда да дојде и да биде тренер на тимот до 14 години на Галатасарај, – изјавил Терим за турските медиуми, човекот кој всушност го доведе Ебуе во Галатасарај во 2011 година.

 

Оваа понуда Ебуе веднаш ја прифатил и изјави дека е среќен што повторно ќе работи со човекот кој го сметал за втор татко.

 

„Се разбира дека сум многу среќен што повторно ќе можам да работам со Терим и што ми даде задолжение во Галатасарај. Тој ми е како татко, многу го сакам и сè би направил за него“, одговори Ебуе.

 

Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во Галатасарај ќе работи како тренер во една од младинските категории, а воедно ќе биде и дел од советничкиот тим на Терим во првиот тим на турскиот гигант.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien