ВИДЕО : Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп не учествуваше на денешната седница

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп денеска не учествуваше на 6-тата седница на Советот. Координаторот Петар Ристески, истакна дека бојкотот е во знак на поддршка на граѓаните патриоти кои го бранеле Уставот на 27 април.

 

 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествуваат на идните седници се додека овие луѓе биле во притвор.

 

На седницата се носеше и буџетот на Општина Прилеп за 2018 година, за кого Ристески рече дека бил врв на лицемерието на СДСМ. Според него во буџетот немало средства за капитални проектии, биле повлечени средствата за поддршка на спортските клубови, како и за изградба на градскиот стадион Гоце Делчев.

 

Исто така во буџетот ги немало предизборните ветувања на СДСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.