ВИДЕО – Заев : Во 2018 година не планирам предвремени парламентарни избори

На новинарско прашање денеска во Прилеп дека изборот за јавен обвинител покажал дека Владата има тенко и нестабилно мнозинство во парламентот и како планира да се справи со тоа, премиерот Заев кажа дека тоа тенко мнозинство било здраво за демократијата на земјата и дека не планира предвремени парламентарни избори во 2018 година.

 

 

„Тоа е добро за Македонија, не ни требаат нови диктатори во државава. Тенкото мнозинство беше потврдено и при формирањето на Владата. Тоа мнозинство и сега се држи на некои 61 до 65 пратеници во зависност од нивната определба, на точката на дневен ред, но на крајот на денот тоа е добро за демократијата. Јас сум растеретен човек. Додека има мнозинство има и Влада, ако нема мнозинство се прегрупираат политичарите во обиди да создадат ново мнозинство, ако не се оформи избори не ни бегаат. Она што е важно за бизнисмените и граѓаните е дека јас како мандатор и како премиер не планирам во 2018 година да има избори. Тоа е година во која што треба да одработиме, граѓаните да го почувствуваат тоа, ние ветивме живот за нив. Животот се појавува насекаде, луѓето го чувствуваат тоа, слободата е насекаде, но мораме да ги подигнеме економските параметри. Тоа се и со право очекувања на сите граѓани на Македонија. 2019 година е период кога ќе има претседателски избори, дотогаш треба сите да се посветиме, без разлика дали сме власт или опозиција да одработиме за граѓаните“, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien