ВИДЕО – Заев : Законот за административни службеници се носи во целосна транспарентна постапка

На новинарско прашање денеска во Прилеп околу промената на законот за јавни претпријатија и околу изборот на нивни директори премиерот Зоран Заев рече дека законот за административни службеници е веќе во Собрание и верува дека до крајот на годината тој ќе се отвори и ќе има промена на дел од критериумите.

 

 

„По долги години поминати како градоначалник јас ја знам одгорноста на функцијата градоначалник и одговорноста на советниците во општините. Градоначалниците од редовите на СДСМ нас не известуваат како раководство и јас како лидер на партија ги следам информациите, сметам дека се сака да се превземе управувањето и одговорноста затоа што е пренесено од граѓаните. Сакаат да покажат резултат, поставувањето на в.д. директори е законско право, очекувам веднаш да се реализираат постапките по пат на јавни конкурси и на еден транспарентен начин да се кандидираат кандидати согласно законските условите ќе можат и тие да превземат законска одговорност. Законот за административни службеници е веќе во Собрание и верувам дека до крајот на годината тој ќе се отвори. Овде за дел од критериумите се прават промени, особено на оние сертификати, кои секој треба да ги обезбеди, а не се неопходни. Ако се работи за позиција застапник на Македонија пред судот за човекови права, тогаш да, 100% треба да знае англиски јазик и да го има сертификатот за англиски јазик, но јас сум убеден дека тоа не треба да постои за сите институции. Таму каде што тоа е потребно. За деталите ќе ги прашате надлежните министерства, законот се носи во една транспарентна постапка, вклучени се буквално сите синдикати, коморите, се што правиме е да го унапредиме квалитетот на законодавството кое што ќе даде функционалност на сите институции во Македонија, без разлика дали се државни или локални. Најавувам промена на законот за комунални претпријатија, комунални дејности, законот за локална самоуправа, законот за отпад за решавање на депониите во Македонија, тоа ќе премине под надлежност на Министерството за екологија за да конечно ги решиме сите депонии во Македонија“, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien