ВИДЕО – Заев : Со неподдршката на Филипче, Алијансата за Албанците најави излегување од Владата

На новинарско прашање како го коментираа сомнежот на Зијадин Села дека зад именувањето на Филипче за министер за здравство стои бизнис договор за Клинички помеѓу СДСМ и ДУИ, Заев денеска во Прилеп изјави дека тоа се инсинуации и глупости.

 

„Јас само ќе апелирам за трезвеност од страна на политичарите кои веројатно се наоѓаат во незгодна ситуација. Јас сакам да соработувам со сите политичари и политички партии. Д-р Филипче е навистина докажан неврохирург, еден од најдокажаните во Македонија и во неговата специјалност. Млад човек кој ги знае сите детали во нашето здравство и заедно со останатите институции, задено со мене како премиер и другите министри од економските ресори имаме сериозна агенда која што ќе значи унапредување на здравството во Македонија. Зголемување на платата на медицинскиот персонал и на специјалистите, но и обезбедување на инструменти и севкупни услови за работа. Знаете дека врв на приоритетите на граѓаните е здравството и навистина вакви инсинуации би ги барекол глупости. Верувам дека сите ќе бидеме со позитивна мисла, да донесеме еден нов квалитет кој на крајот ќе го почувствуваат граѓаните“, изјави Заев.

 

 

По однос ставот на Села рече ќе излезе од Владата кога ќе се донесе законот за јазиците и дека не се работи само за пополнување на испразнето место во Владата, премиерот потенцираше дека Министерството за здравство по дефолт не следува ниту на една политилка партија, не следува ниту на СДСМ.

 

„Едноставно се пополнуваат испразнети места. Тогашниот министер Арбен Таравари сегашен градоначалник на Гостивар, ниту извести за намерата, ниту извести за тоа едноставно објави дека одлучил да се кандидира за градоначалник на Гостивар. Слободата на избор е право на секој граѓани, но таа слобода на избор без да разговараме доведе до тоа што го имаме денес. Министерството за здравство по дефолт не следува ниту на една политилка партија, не следува ниту на СДСМ, а не па на некоја помала партија. Знаете дека секогаш императив при  составување на Влада е квалитетот на кадрите кои се нудат. Секогаш постои отворена дебата и од квалитетниот секогаш постои поквалитетен, но секогаш треба да се водиме од она што значи одговорност пред граѓаните. Се работи за сериозни институции,  Министерството за здравство е едно од најважните во државата затоа што допира до буквално сите семејства во Македонија. И од тука многу е логично недавањето на поддршка на Алијансата на доктор Филипче тие со тоа најавија дека заминуваат од Владата. Јас останувам со намерата дека ќе можеме да продолжиме да соработуваме и она што значи реформи, законот за јазици, ратификацијата на договорот со Бугарија, двотретинските закони кои доаѓаат во Македонија, одговорноста за унапредување на севкупниот квалитет на животот во Македонија е на сите. Како ќе се однесуваме одговорно така и граѓаните ќе не ценат на следните избори“, додаде Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.