Премиерлигашки ре­корд на Кејн: По­стиг­на 39 го­ла за ед­на го­ди­на

Тотенхем со 5-2 го победи Саутемптон во првиот натпревар од „Боксинг деј“ колото кое традиционално се игра секоја година во Премиерлигата, супер ефикасен меч во кој царуваше Хари Кејн кој постигна три гола.

 

За Кејн ова бе­ше ос­ми хет-трик се­зо­на­ва (шест во Пре­ми­ер-ли­га­та и по еден во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и во ФА-ку­пот), вкуп­но 39-ти гол (на 36 нат­пре­ва­ри) во 2017 го­ди­на, со што ги над­ми­на ре­корд­ни­те 36 (на 42 ме­ча) на Алан Ши­рер по­стиг­на­ти во 1995 го­ди­на, во дре­сот на Њу­касл.

 

Зад Кејн и зад Ши­рер спо­ред бро­јот на по­стиг­на­ти го­ло­ви во ед­на ка­лен­дар­ска го­ди­на се двај­ца по­ра­неш­ни фуд­ба­ле­ри на Ар­се­нал, Ро­бин ван Пер­си, кој во 2011 го­ди­на да­де 35 и Ти­е­ри Анри, кој во 2004-та по­стиг­на 34 го­ла.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien