Русија воспоставува постојано присуство во базите во Сирија

Русија воспостави постојано воено присуство во поморските и воздухопловните бази во Сирија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, откако Парламентот го ратификуваше договорот со Дамаск.

 

„Договорот, потпишан на 18 јануари, ќе овозможи продолжување на користењето на постојаната поморска база Тартус, единствена руска база во Медитеранот и ќе овозможи пловидба на руски воени бродови во сириските води и пристаништа“, рече Виктор Бондарев, претседател на парламентарниот одбор за безбедност и одбрана.

 

Документот им овозможува влез на руските бродови во сириските води и распоредување на 11 воени бродови во објектите.

 

Поморската база Тартус, во употреба уште од советско време, е премала за да може да прими поголеми воени бродови, поради што таа ќе подлежи а проширување и модернизација. Трошоците за проширување на военопоморската база ќе изнесуваа 3,2 милијарди рубљи, или околу 60 милиони американски долари, годишно. Таа ќе се користи 49 години, а договорот може да биде продолжен со согласност од двете страни.

 

Податоците за воената воздухопловна база Хмејмим се уште не се прецизирани во јавноста. Оваа база на сириската авијација во западната покраина Латакија, руските сили ја користат до 30-ти септември 2015 година, откако сирискиот претседател Башар ал-Асад побара од рускиот колега Владимир Путин помош во справувањето со терористичките организации.

 

Од јануари 2017 година Русија, според договорот може да ја користи базата во следните 49 години, исто така, со автоматско продолжување на период од 25 години, и нејзиниот капацитет се проценува на околу илјада лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.