Андреа Пенезиќ ѝ става крај на кариерата

Една од најдобрите ракометарки на Вардар, Андреа Пенезиќ најверојатно ќе се збогува со ракометот по завршувањето на оваа сезона.

 

Хрватската репрезентативка и ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ во интервју за ТВ Арена истакна дека во јуни најверојатно ќе и стави крај на својата професионална кариера.Со оглед на тоа дека има 32 година, како причина за своето пензионирање, Пенезиќ ги наведе завршувањето на студиите како и посвета и внимание кон своето семејство.

 

Хрватската ракометарка и стави крај на репрезентативната кариера во септември, а со Вардар има договор до јуни 2018. година, кој по се изгледа ќе го испочитува до крај.

 

Хрватската ракометарка пристигна во Вардар во 2014 година од редовите на Крим и експресно се наметна како еден од лидерите во таборот на „црвено-црните“. Таа беше меѓу најзаслужните за ланскиот настап во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта. Пенезиќ посакува кариерата да ја заврши со трофејот од Лигата на шампионите, па со оглед на тоа што Вардарки играат во најдобра форма во моментов и важат за едни од најсериозните кандидати за освојување на европскиот трон, шансите за исполнување на оваа нејзина желба се доста високи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien