ВИДЕО : Во петок премиера на претставата „Клетници“ во народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Во петок со почеток во 19.30 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи премирата на претставата „Клетници“, работена по текст на Виктор Игор, а во режија на Мартин Кочовски. Поради големиот интерес претставата ќе се одигра и на 28 декември. Инаку ова е трета премиера на народниот театар Војдан Чернодрински за оваа година.

 

Претстава се подготвувала 3,5 месеци. И актерите и режисерот потенцираат дека ова е едно капитално дело напишано на над 1.600 страници и ова претставувало навистина голем залак дури и за многу поголеми ансамбли од прилепскиот театар.

 

 

Делото нуди можност секогаш различно да се постави и секогаш е во тек со актуелните случувања во општеството.

 

Режисерот Кочовски вели дека ова што го правеле бил историски настан и вистинската тема во вистинскиот момент. Ова дело според него било безвременско.

 

Главното мото на претставата им било „Подобро живи да умреме, отколку умрени да живееме“.

 

За повеќе детали околу претставата погледнете го видеото од денешната прес конференција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien