Владата го продолжи проектот „Купи куќа, купи стан“ и во 2018 година

Владата најави дека ќе го продолжи проектот „Купи куќа купи стан“. На владина седница била разгледана и ја усвоена предлог- одлуката за времетрањето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година.

 

„Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со Предлог – одлука за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година. Со донесување на оваа одлука, и во 2018 година ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом, соопшти Владата.

 

Досега проектот се реализираше преку субвенционирано учество и субвенционирана камата од страна на државата, а имаше и посебен дел наменет за млади лица покрај брачните парови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.