ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да соопшти дали ќе се врати во Собранието

Facebook
Twitter
Email
Print

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска треба да соопшти дали ќе се врати во Собранието, откако со недели не се појавува ниту на пленарните седници, ниту на седниците на комисиите. Ова вчера го најави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев, која траеше речиси час и половина.

 

Како што изјави Мицкоски по средбата, разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, и како што вели тој нормално се разликуваат.

 

Мицкоски напомена дека сепак ваквите средби се конструктивни и очекува да ги има почесто во наредниот период.

 

Воедно тој дополни дека партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопшти дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание.

 

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека промените кај партијата во иднина ќе бидат забележливи.

 

Вчера Мицковски соопшти и дека има промени во координацијата на пратеничката група на партијата, и наместо досегашниот координатор Илија Димовски, оваа функција ќе ја извршува Владимир Ѓорчев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи