Градоначалникот Јованоски ги посети градинките во „Тризла“, „Аличаир“ и „Работнички“

По повод новогодишните празници градоначалникот на Општина Прилеп , Илија Јованоски, ги посети детските градинки во „Тризла“, „Аличаир“ и „Работнички“. Јованоски на дечињата и персоналот во градинките им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа, љубов и бериќет, а се запозна и со условите за работа и едукација на децата.

 

Дечињата на градоначалникот му подарија новогодишни честитки што самите ги изработиле, додека пак Општина Прилеп за најмладите обезбеди новогодишни пакетчиња и едукативен прибор.

 

На средбите беше потенцирана заложбата на Општина Прилеп во најскоро време да се овозможи проширување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст на градинките „Наша Иднина“, што е еден од приоритетите на локалната самоуправа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien