Дачиќ: ЕУ ни се лути дека користиме Република Македонија, велат мора БЈРМ

Министерот за надворешни работи на Србија се пожали дека во Европската унија трпат критики што го користат уставното име кога ѝ се обраќаат на Република Македонија. Тој во емисијата „Кирилица“ рече дека во Европската унија, а посебно Грција се лутат поради тоа, а Македонија за возврат гласа за прием на Косово во Унеско.

 

„Од ЕУ нѐ предупредуваат бидејќи го користиме терминот Република Македонија, имаме проблеми во преговорите со ЕУ…велат мора да биде БЈРМ. Ни маваат чврги што сме ја признале Македонија под нејзиното уставно име, Грците се лутат, ЕУ се лути, а Македонија гласа за Косово во УНЕСКО. Сакате да бидеме пријатели? Сакаме, ама тоа мора да биде обострано“, изјави Дачиќ.

 

Односите помеѓу Македонија и Србија се на принципот топло-ладно, а особено беа затегнати за време на настаните во македонскиот парламент каде беа забележани дипломати вработени во српската амбасада во Скопје. Обид за подобрување на односите имаше за време на посетата на премиерот Заев на Белград, каде беше истакнато дека двете земји ги врзува искрено пријателство  и дека сите несогласувања и отворени прашања ќе се решаваат низ дијалог.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien