Заложничка криза во Москва, при што еден е убиен и тројца се ранети – напаѓачот е приведен

Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во московската кондиторска фабрика „Маншевик“.

 

Новинската агенцијата „РИА новости“ наведува дека директорот на фабриката, која се наоѓа во југоисточниот дел на Москва, влегол во фабричкиот круг, убил едно и ранил три лица, додека неколку лица држел како заложници.

 

Специјалните единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот. Од објектот веќе не се слушаат истрели.

 

Според дел од медиумите убиениот е бизнис ривал на поранешниот сопственик на фабриката Илија Аверјанов, а според други извори, станува збор за припадник на обезбедувањето. „Комерсант“ наведува дека фабриката на еден од доверителите му должела околу два милиони евра. Бил склучен пријателски договор, според кој, поранешниот сопственик требало да ја предаде зградата како порамнување на долгот, но тоа не се случило. Аверјанов отворил оган кога пристигнал извршител.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien