Распишани потерници за четворица бегалци за 27 април

Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо и уште две леца ќе се бараат со национална потерница. Обвинителството за организиран криминал денеска веќе издало наредба, бидејќи четворицата се во бегство, а судот претходно им одреди 30 дневен притвор за настаните на крвавиот 27 април. По нив ќе се распише и меѓународна потреница.

 

Инаку, во притвор за упадот во Собранието се екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. За сите нив обвинителството бара да им се продолжи притворот, а Кривичен конечна одлука треба да донесе утре.

 

Во затворот во Шутка се и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, додека Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Јулијана Пешевска се во куќен притвор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien