Тео шоу: Нов „пакет“ магични асистенции на Србинот

Изминатава ноќ во Америка се одиграа осум натпревари во НБА лигата, но оној последниот кој беше на програмата во Лос Анџелес ни ги понуди најголемите возбудувања, барем кога се во прашање индивидуалните потези на еден играч.

 

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ дефинитивно го збудале Американците со неговите маалски финти и асистенции, па синоќа тој запиша двоцифрен ефект во додавања од кои најголемиот дел беа импресивни. Србинот додаваше како што сака, а играчите на Сакраменто се чудеа од каде ги вади потезите.

 

Теодосиќ беше вистински организатор на ЛА Клиперс во убедливата победа од 122:95 над Сакраменто. Тој  имаше 10 асистенции за време на мечот, но онаа последната беше посебно брилијатна бидејќи претходно го исфинтира Зек Рендолф за сите пари.

 

 

Резултати:
Далас – Торонто 98:93
Детроит – Индијана 107:83
Мајами – Орландо 107:89
Милвоки – Чикаго 106:115
Сан Антонио – Бруклин 109:97
Денвер – Јута 107:83
Феникс – Мемфис 99:97
ЛА Клиперс – Сакраменто 122:95

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.