Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 40 лица, ИД ја превзеде одговорноста

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во канцеларијата на новинската агенција „Гласот на Авганистан“ и во шиитскиот културен центар во авганистанската престолнина Кабул, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на новинската агенција на терористичката група „Амак“.

 

Во соопштението се истакнува дека нападот е извршен од бомбаш-самоубиец, а потоа следеле три бомбашки експлозии во истиот регион. Агенцијата не открива информации кои може да докажат дека „Исламска држава“ стои зад нападот во кој загинаа десетици луѓе.

 

Според сведоците, најголемот број од жртвите биле студенти. Нападот се случил за време на утринската панел дискусија на 38-годишнината од советската инвазија на Авганистан во Општествено-културниот центар Тибијан.

 

Портпарол на Министерството за внатрешни работи соопшти дека најмалку 40 лица се убиени, а други 30 се повредени. Нападот се случил за време на дискусија во медиумите, на која беа присутни млади лица.

 

„Цел на нападот беше културниот центар Табјан. Нападот е изведен додека се одржуваше церемонија за одбележување на 38 годишнината на советската инвазија на Авганистан“, изјави заменик портпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.

 

Авганистанскиот претседател, Ашраф Гани нападот го нарече злосторство против човештвото.

 

„Терористите го убиваат нашиот народ. Терористите ги напаѓаат нашите џамии, светите места и културните центри“, стои во соопштението кое го издаде претседателската палата.

 

Во последните месеци т.н. Исламска држава презеде одговорност за нападите врз шиитски цели ширум земјата. Талибанците објавија соопштение во кое се наведува оти тие не стојат зад денешниот напад.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien