Даут Харадинај: Специјалниот суд ќе ја активира ОВК

Првото апсење по налог на Специјалниот суд повторно ќе ја активира Ослободителната војска на Косово (ОВК), изјави братот на косовскиот премиер и пратеник Даут Харадинај, пренесуваат косовските медиуми.

 

Даут Харадинај се споменува како еден од првите припадници кој ќе се најде пред Специјалниот суд. Тој вели дека Специјалниот суд треба да се набљудува како елемент кој ќе му наштети на имиџот на Косово.

 

„Инструментот ОВК повторно ќе се активира на Косово кога ќе почнат апсењата по налог на Специјалниот суд“, истакна Харадинај.

 

Коментарите доаѓаат по неуспешениот обид на партиите кои произлегоа од ОВК да го поништат законот во Парламентот за формирање на Специјален суд за извршени злосторства од ОВК.

 

„Јас не сум дел од военото крило, јас сум граѓанин на Косово. Мое најголемо достигнување е војната. Јас сум отворен и секогаш сум подготвен да ги поддржам другарите. ОВК не изврши злосторства, туку Србија“, тврди братот на косовскиот премиер.

 

Како што наведува Харадинај, Специјалниот суд треба да се набљудува како „елемент што ќе му наштети на имиџот на Косово“.

 

Приштинскиот портал Инсајдери, повикувајќи се на извори блиски до судот, тврди дека Специјалниот суд ќе подигне обвинение против Даут Харадинај поради случајот „Радоњичко езеро“, односно за убиство на 39 Срби, Албанци и Роми за време на војната во Косово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien