Доделување награди за најдобрите натпреварувачи од џудо клубот „Сеишин“

Вчера џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп го одржа последниот тренинг за 2017 година на кој беа доделени наградите за најдобрите натпреварувачи и натпреварувачки за 2017 година на ниво на клубот.

 

Листа на најдобри на ниво на клуб за 2017 година :

 

Јуниорки: Александра Најдоска

 

Јуниори: Марио Тошески

 

Кадети: Марио Цинцароски

 

Пионерки: Леона Настоска

 

Пионери: Орде Трајкоски

 

Помлади Пионерки: Теодора Тасеска

 

Помлади Пионери: Андреј Сотироски

 

Деца девојчиња: Теа Настоска

 

Деца момчиња: Димитри Џокоски

 

За најуспешен натпреварувач на ниво на клуб е прогласена Александра Најдоска.

 

 

Инаку во напреварувачката 2017 година Џудо Клубот „СЕИШИН“ Прилеп зеде учество на вкупно 4 Државни Првенства, 5 Меѓународни Турнири и 2 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ). На овие првенства освоени се вкупно 92 медали ( 20 златни, 32 сребрени и 40 бронзени) и тоа 51 на меѓународно ниво и 41 на државно ниво. Најзначаен успех е осовеното 3-то место на Балканското Првенство за Сениори-ки од страна на Јуниорката Александра Најдоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien