Навивачите на Лех го запалија Познањ

Лег Познањ летово во квалификациите за Европа лига силите ги одмери со нашиот Пелистер кој беше лесно елиминиран, а притоа имавме можност од близу да ги запознаеме нивните навивачи.

 

Ултрасите на овој клуб важат за едни од најжестоките во Полска, а изминатата ноќ предизвикаа вистинки „вулкан“ откако приредија неверојатно пиротехничко шоу на центарот во Познањ, одбележувајќи 99 години од големопослкото востание или познато како познањска војна која се случила во периодот од 1918 до 1919 година.

 

Во војната на полските жители против германската власт во тој регион, Полјаците успеале овој регион да го припојат кон тогаш новоформираната полска држава.

 

Навивачите на Лех не пропуштија да го одбележат со преку две илјари разноразни пиротехнички средства, а најмногу факли.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.