Џафери: Службени станови или кирии за намалување на патните трошоци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претседателот на Собранието Тала Џафери, на денешниот брифинг за новинарите, истакна дека една од опциите за намалување на средствата кои се издвојуваат за патни трошоци е пратениците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.

 

„Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии“, рече Џафери.

 

Претседателот на Парламентот исто така подвлече дека не е в ред да се казнат сите пратеници доколку некој од нив ги злоупотребил патните трошоци.

 

„Кога ги гледате патните трошоци ви се чини дека  си заминале дома со куп пари. Не е така. Не е во ред да ги казниме сите за  некој што хипотетички злоупотребил. Државата формирала надзорна институција што ги контролира буџетите. Трошоците се реални. Ова е пракса насекаде во светот“, додава Џафери.

 

Собранието ќе набави и четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет, најави Џафери, а притоа истакна дека Собранието не е самостојно во функционирањето, односно дека возилата се користат заеднички со Владата и затоа ќе се набавуваат нови за потребите на Парламентот.

 

„’Голф 2′ и ‘пик-ап’. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го“, рече Џафери.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи