Бостон се врати од -26 и победи со првото водство на мечот

Кандидатите за конференциски титули на Истокот и Западот во НБА-лигата, Бостон и Хјустон имаа возбудлив дуел во „ТД Гарден“, а победија Селтикс на спектакуларен начин, реализирајќи го најголемиот кам-бек оваа сезона во НБА.

 

Ниеднаш во текот на натпреварот не поведоа, Хјустон имаше константна предност, најмногу и до 26 разлика. По сето она што можеше да се види на мечот Хјустон мораше да победи во Бостон,  но со кош на Ал Хорфорд на три и пол секунди до крајот Бостон го зема водството и го доби натпреварот.

 

Кајри Ирвинг со 26 кошови беше најдобриот стрелц кај Селтикс, Тејтам уфрли 19, а Смарт и Тери Розиер по 13 поени. Џејмс Харден средбата ја заврши со 34 поени и 10 асистенции, додека Ерик Гордон беше втор стрелец кај Хјустон со 24 кошови.

 

 

НБА резултати:

 

Орландо – Детроит 102:89
Бостон – Хјустон 99:98
Милвоки – Минесота 102:96
Сан Антонио – Њујорк 119:107
Портланд – Филаделфија 114:110

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien