ВИДЕО : Хуманитарна акција на компанијата „Comfy Angel“ во соработка со црквата „Свето Благовештение“

Компанијата „Comfy Angel“ од Прилеп се вклучи во акцијата „И јас сум Дедо Мраз“ од „Проект Среќа“ од Кристина Арнаудова. Косопственикот на „Comfy Angel“ Ирена Јакимоска, истакна дека вработените во административниот дел на компанијата издвоиле одредени финансиски средства со кои купиле играчки и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Проектот е во соработка со црквата „Свето Благовештение“ од Прилеп.

 

 

 „Comfy Angel“ како општествено одговорна компанија во континуитет го продолжува процесот на подарување, радост, љубов и среќа на оние на кои што тоа им е најнеопходно во овој момент. Се вкучивме во „Проектот Среќа“ кој се вика „И јас сум Дедо Мраз“. Нашата компанија не Дедо Мраз само денеска пред новогодишните и божикни празници туку „Comfy Angel“  е Дедо Мраз во континуитет. Причината за поддршка на овој проект е тоа што во него беа инволвирани административните вработени во компанијата кои издвоија одредени средства со кои набавија играчки и колетчиња за дечињата на кои тоа им е најнеопходно. Ја продолжуваме соработката со црквата „Свето Благовештение“ кои во континуитет го работат проектот за поддршка на дечињата кои се наоѓаат во семејства кои имаат помали финансиски приходи“, истакна Ирена Јакимоска, косопственик во компанијата „Comfy Angel“.

 

Од црквата „Свето Благовештение“ истакнаа дека вакви хуманитарни акции храмот организирал во очи на сите големи христијански празници.

 

„Овој пат се наоѓаме во предвечерието на рождеството хриистово Божик и во оваа прилика сакам да ги честитам празниците кои следуваат. Ние го посетуваме домовите за време на зимските слави и за време на велигденските пости така што имаме на увид кои семејства имаат потреба од помош. Имаме список на кој фигурираат над 100 домаќиинства, ги посетуваме тие семејства и им донираме тоа што ќе собереме. Освен компанијата Комфи Ангел како донатори сакам да ги споменам и фирмите Витаминка, Прилепска пиварница, Марфил, Васко Кули. Во сите тие акции се вклучени дуќаните во старата чаршија, па дури и тезгите на пазарот, кои донираат во зависност од своите можности. Се даруваат прехрамбени производи, облека, обувки и се она што нашите верници ќе го донесат тука во црквата“, истакна протоереј ставрофор Блаже Станкоски, архиерејски намесник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.