Ливерпул не запира, ќе прави реконструкција на тимот

Ливерпул дефинитивно ќе прави реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок.

 

Сè поизвесено дека Кутињо ќе го напушти Ливерпул и ќе замине во Барселона за 150 милиони евра. Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ оваа зима исто така најави дека ќе го напушти „Енфилд Роуд“ со цел да избори првотимски статус во некој друг клуб како би имал шанса да добие место во репрезентацијата на Англија за претстојното Светско првенство.

 

Интерес за 28 годишниот напаѓач покажа тимот на Саутемптон, кој би го донел Стариџ на позајмица до крајот на сезоната. Ливерпул веројатно нема да прави проблеми и ќе му дозволи на играчот кој мака мачи со повреди следните шест месеци да ги помине на „Сент Мерис“.

 

Уште еден напаѓач е на излезните врати од „Енфилд“. Станува збор за Дени Ингс кој речиси сигурно на перманентна основа ќе го напушти Ливерпул овој јануари. За него најсериозен интерес има од екипата на Њукасл.

 

Во меѓувреме екипата на Ливерпул се засили со Вирџил Ван Дијк, за кого платија 85 милиони евра, со што го направија најскапиот дефанзивец во историјата.

 

Германските медиуми објавија дека клубот од „Енфилд“ веќе ги договорил условите за соработка и со Леон Горецка. Договорот на овој фудбалер со Шалке истекува на крајот од сезонава, па Горецка веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со клубот каде ќе ја продолжи својата кариера. Според весникот „Билд“, тоа ќе биде Ливерпул откако „црвените“ успеале да излезат како победници од трката во која се најдоа уште и Тотенхем, Арсенал, но и Барселона. Германскиот репрезентативец ќе пристигне во Ливерпул како потенцијална замена за Филипе Кутињо.

 

Според англиските медиуми, на мета на „црвените“ е уште еден дефанзивец и тоа 22 годишниот Мануел Акањи од Базел, кој е репрезентативец на Швајцарија и кој одлично игра оваа сезона. Ливерпул има намера да го доведе Акањи пред почетокот на Светското првенство каде што се очекува да прикаже одлични настапи и со самото тоа неговата цена која сега изнесува околу 20 милиони евра, да порасне.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien