Трамп ја обвини Кина: Фатени сте на дело – им продавате нафта на Севернокорејците

Јужна Кореја запленила брод регистриран во Хонг Конг кој наводно пренесувал нафта во Северна Кореја и покрај тоа што државата е под санкции од Обединетите Нации.

 

„Санкциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат трансфер на било каква стока во Северна Кореја“, тврдат одговорните од ОН.

 

Американскиот претседател го обвини Пекинг дека снабдувајќи ја Северна Кореја со нафта, ги крши санкциите на ОН.

 

„Фатени се на дело. Разочарувачки е што Кина овозможува лиферување нафта на Северена Кореја“, напиша американскиот претседател на Твитер. Ако се продолжи на ваков начин,  „никогаш нема да се постигне мирно решение на севернокорејскиот проблем“.

 

Бродот и екипажот се во притвор во Јужна Кореја а во тек е истрага. На бродот имало 23 Кинези и двајца државјани на Бурма. Веста ја потврди и Владата на Хонг Конг, која вели дека не стои зад оваа пратка и дека ќе соработуваат со јужнокорејските власти за расчистување на криминалната трговија.

 

Портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Кина се зафатила со разјаснување на извештајот според кој од кинески брод бил вршен претовар на нафта на севернокорејски бродски транспортер, но констатирала дека споменатиот кинески брод од август не влегол во ниедно кинеско пристаниште.

 

“Пекинг не им дозволува на своите граѓани и на претпријатијата да ги прекршуваат резолуциите на ОН, а ширењето вести од ваков вид во никој случај не оди во прилог на градење на меѓусебна доверба и соработка“, се вели во соопштението од Пекинг.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien