ВИДЕО : Доделување награди за најдобрите натпреварувачи од џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп

Вчера џудо Клубот „Бушидо“ од Прилеп ги додели наградите за најдобрите натпреварувачи и натпреварувачки за 2017 година на ниво на клубот.

 

  • Најдобри најмлади членови на клубот се прогласени Матеа Илиеска и Бојан Наскоски

 

  • Ема Димитриоска, Сара Атанасоска и Матеја Кочоска го дела 4-тото место

 

  • Марија Талеска и Мартина Јанкоска беа 3-то место

 

  • Елеонора Илиоска беше 2-ро место, додека пак

 

  • Првото место го освои Теодора Ристеска – државен репрезентативец на Р. Македонија во кадети

 

 

Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп е еден од најперспективните клубови во Македонија. Иако постои само 3 години во 2017 година, под менторство на тренерот Рубин Пеески освои 104 медали на повеќе државни и меѓународни првенства. Тоа е огромен успех за еден клуб за толку мал период. Годинава од џудо клубот „Бушидо“ излегоа и 5 репрезентативци.

 

Според Пеески клубот во наредниот период напорно ќе се подготвува за европските и балкански првенства кои им претстојат.

 

Во духот пак на празничната атмосфера вчера на настанот присуствуваше и Дедо Мраз кој на члченовите на клубот им подели новогодишни пакетчиња.

 

Изјавите на добитниците на награди и дел од атмосферата од вчерашниот настан погледнете во видеото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien