ВИДЕО : Првото новороденче во Прилеп во 2018 е девојче

Синоќа околу 20:00 часот на гинеколошкото одделение во Прилеп се роди првото бебе во 2018 година. Бебето е девојче тешко 3.230 грама, а долго 51 цм. Мајката, Дијана Капкоска, рече дека е возбудена и дека се чувствува прекрасно.

 

 

„Ова ми е прво бебе, се чувствувам прекрасно, радосна сум како мајка, а малата принцеза ќе се вика Дарија“, изјави мајката Дијана Капкоска.

 

Д-р Роза Ковилоска, специјалист педијатар во одделението за неонатологија, раѓањето на женско новороденче е најава дека годинава ќе биде бериќетна.

 

„Годинава ни започна добро. Се роди женско, здраво новороденче од 30 годишна мајка, во 41-ва гестациска недела, со уредни витални параметри, во добра здравствена состојба. Му посакуваме многу успех, здравје, среќа“, рече д-р Ковилоска.

 

 

 

Мајката и бебето денеска ги посети и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоскии и им врачи штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци.

 

„Околу 20:00 часот се роди здраво, женско дете со витални функции. Им честитам и им посакувам многу здравје и среќа и на родителите. Исто така сакам да им ја честитам и Новата 2018 година во добро здравје, радост, среќа и успех“, рече Јованоски.

 

 

Новогодишни пакетчиња денеска добија и сите дечиња хоспитализирани во детското и во неонатолошкото одделение од градската болница во Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien