ВИДЕО : Јапонски научници измислија самообновувачко стакло

Јапонски научници создадоа нов вид стакло, кое самото „се регенерира“ од напукнување и кршење. Стаклото е произведено од лесен полимер наречен полиетер-тиуреас.

 

За скршениот материјал да се врати во првобитната состојба, потребно е рачно спојување на скршените делови, темпратура од 21 степен целзиусов и 30-на секунди.

 

 

Професорот Такузо Аида од Универзитетот во Токио верува дека новиот материјал ќе биде корисен во изработката на смартфоните, но и во други области.

 

„Високата механичка цврстина и својството на обновување, взаемно се исклучуваат. Иако и досега се откривани тврди и самообновувачки материјали, во повеќето случаи кај нив е неопходно затоплување до 120 степени Целзиусови, па дури и повеќе, како и реорганизирање на прекинатата структура за скршените делови да се спојат. Новото полимерно стакло е механички доста тврдо, но може да биде поправено и без висока температура“, изјавува експертот.

 

Својствата на обновување на полиетер-тиуреас биле откриени сосема случајно, од студент по име Ју Јанагисава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien