Дизелот од денес е поскап за 3,5 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од први јануари дизел горивото чини 58,5 денари, што е за 3,5 денари повеќе од претходно, по зголемувањето на акциза на енергенсот од страна на Владата.

 

Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година.

 

Тогаш министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи.

 

Тој појасни дека зголемувањето на акцизата ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи.

 

И екстралесното масло за домаќинствата ќе се продава за 3 и пол денари поскапо. Новата цена изнесува 47,5 денари за литар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи