Најмалку девет нови жртви во демонстрациите во Иран

Протестите против економските услови во Иран продолжуваат со несмален интензитет.

 

Стотици демонстранти се уапсени од почетокот на протестите во четвртокот во градот Машад, пред да се прошират во други делови ширум земјата. Иранската државна телевизија објави дека девет лица загинаа во анти-владините протести. Билансот на жртви се искачи на повеќе од 20-тина од почетокот на жестоките демонстрации против економските услови во земјата.

 

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи ги обвини непријателите на Исламската република за серијата насилни анти-владини протести кои почнаа на крајот од минатата недела.

 

„Непријателите на Иран користат различни средства, вклучувајќи пари, оружје, политички и разузнавачки интриги за да креираат проблем во Исламската држава“, изјави ајатолахот Али Хаменеи во соопштение преку државната телевизија, објавено на неговата официјална интернет-страница.

 

Хаменеи рече дека ќе се обрати до нацијата за последните случувања кога „ќе биде дојде време“.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, истакна денеска дека народот во Иран „конечно дејствува против бруталната и корумпирана влада“.

 

„Иранците конечно презедоа акција против суровиот и корумпиран режим. Луѓето немаат доволно храна, постои висока инфлација и не се почитуваат човековите права“, напиша Трамп на Твитер.

 

Преку 40 проценти од околу 80-те милиони жители живеат под релативната граница на сиромаштија, во некои селски области процентот изнесува дури 60 до 70 насто. Најмалку единаесет милиони луѓе во сламови во близината на големите градови повеќе преживуваат отколку што живеат. Преку една четвртина од младите луѓе меѓу 15 и 24 години се без работа, истото важи и за оние со завршен факултет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien