Шоу на ДеРоузен – 52 поени во дресот на Торонто

Торонто ја забележа првата победа во Новата Година а таа ќе се памети и по историскиот учинок на ѕвездата на Торонто ДеМар ДеРоузен кој постигна 52 поени што е рекорд во историјата на Торонто во чии редови Винс Картер и Теренс Рос имаа досега по рекордни 51 поен.

 

 

Покрај ДеРоузен, Кајл Лаури одигра одлична партија со 26 постигнати поени, додека кај поразените Милвоки, одлична партија прикажа Бледсо со постигнати 29 поени.

 

Со оваа  победа Рапоторс имаат 14 победи од 15 средби на свој терен, што го прави убедливо најдобар кога се работи за мечевите пред домашна публика, сезонава.

 

Резултати:
Бруклин – Орландо 98:95
Торонто – Милвоки 131:127
Чикаго – Портланд 120:124
Минесота – ЛА Лејкерс 114:96

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien