Кливленд лесно се справи со Портланд, одличен кам-бек на Ајзеа Томас

Плејмејкерот на Кавалирс, Ајзеа Томас беше пресреќен по неговото враќање на кошаркарските терени и одличното деби за неговиот Кливленд.

 

Долго очекуваното деби на Ајзеа Томас конечно се случи. Плејмејкерот изминатово лето пристигна во Кливленд како дел од трејдот во кој Кајри Ирвинг се пресели во Бостон. Но неговиот прв настап во дресот на „Коњаницата“ се пролонгираше поради повреда и операцијата на колкот која мораше да биде извршена врз 28 годишниот кошаркар.

 

Малиот Томас на паркетот мина околу 19 минути, за кои постигна извонредни 17 поени и покажа дека ќе биде големо засилување за вицешампионот во продолжение на сезоната.

 

„Ова беше едно долго патување за мене. Едноставно не го гледав светлото на крајот на тунелот. Одлично започна по мене оваа 2018 година и верувам дека поради тоа ќе биде посебна. Видовте како изгледаше, беше мое деби, а се чувствувам како неколку години да сум тука. Кливленд благодарам, ова беше посебна ноќ за мене“, изјави Томас.

 

 

Леброн Џејмс имаше уште една одлична партија и постигна 24 поени, 8 асистенции и 6 скока. Во редовите на Портланд, Лилард забележа 25 поени, а Нуркиќ 24.

 

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс моментално се наоѓаат на третата позиција на Истокот со скор 25-12, но се очекува со здрав Томас да играат клучна улога до крајот и да ја оправдаат фаворитската улога за пласман во НБА финалето.

 

 

Резултати:

Кливленд – Портланд 127:110
Њујорк – Сан Антонио 91:100
Феникс – Атланта 104:103
Сакраменто – Шарлот 111:131
ЛА Клиперс – Мемфис 113:105

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien