„Марка“: Манчестер Сити го договори трансферот на Санчез

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез се наоѓа на излезна врата од Арсенал, а одредени медиуми тврдат дека тој веќе има нов клуб.

 

Имено, „Марка“ пренесува дека 29-годишниот напаѓач е на чекор од потпишување договор со Манчестер Сити и дека во наредните денови ќе стане член на клубот од „Етихад“.

 

Санчез беше на чекор и летово да стане дел од „граѓаните“, но трансферот пропадна во последен момент откако првата желба на Арсен Венгер, Томас Лемар од Монако не сакаше да дојде во Лондон. Сега, Арсенал нема друга опција освен да го продаде Санчез и да заработи од неговиот трансфер, затоа што на лето договорот на Чилеанецот со Арсенал му истекува и станува слободен фудбалер.

 

Гвардиола не се откажа од опцијата Санчез да го донесе како ново големо засилување на „граѓаните“, со цел да добие уште поголема ротација во тимот. За Чилеанецот интерес покажа и ПСЖ, дури се најавуваше дека ќе биде прво засилување како слободен играч на лето, но Сити очигледно е побрз. Интерес имаше и од Баерн Минхен и Реал Мадрид.

 

Не е обелоденето колку ќе чини трансферот, но медиумите од поодамна шпекулираат со сума од 30 до 35 милиони евра.

 

Алексис Санчез во Арсенал дојде за 42 милиони евра од Барселона и досега одигра 163 меча за „топчиите“, при што постигна 80 гола.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien