Мајк Тајсон започнува бизнис со одгледување на „магичната билка“

Откако Калифорнија дозволи продажба и користење на марихуаната за рекреативни цели, поранешниот светски боксерски шампион, Мајк Тајсон одлучи да почне нов бизнис.

 

Мајк Тајсон заедно со своите партнери ќе засади марихуана на 40 хектари 60 километри југозападно од националниот парк „Дет Валеј“. На неговите плантажи ќе се врши и истражување за влијанието на медицинската марихуана.

 

Тајсон во минатото имаше проблеми со конзумирањето марихуана и секогаш кога беше запрашан во врска со оваа супстанца, тој даваше поддршка на сите уживатели зошто тоа, според него не претставувало дрога.

 

Калифорнија стана седмата американска држава заедно со Аљаска, Колорадо, Орегон, Висконси, Масачусетс и Вашингтон во кои законот овозможува користење марихуана за рекреативни цели.

 

Во Калифорнија каде продажбата на марихуана во медицински цели е легална од 1996 година, индустријата за марихуана претставува голем бизнис кој се очекува допрва да расте. Се проценува дека пазарот на марихуана во Калифорнија вреди 1,6 милијарди долари, а вредноста до 2020 би можела да се зголеми на 6,4 милијарди долари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien