Најмалку 48 лица загинаа во автобуска несреќа во Перу

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најмалку 48 луѓе загинаа кога автобус се преврте и падна од карпа од 100 метри висина, директно на плажа во Перу.

 

Според локалните медиуми, во автобусот имало 57 луѓе. Министерството за здравство соопшти дека шест лица ја преживеале несреќата, од кои еден од нив скокнал од автобусот пред да падне.

 

„Ова е болно за целата држава, ова е несреќа од невидени размери“, изјави претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински.

 

Несреќата се случила на озлогласениот дел од патот познат како Кривина на ѓаволот во Пасамајо, северно од главниот град Лима. Патот што поминува долж Атлантскиот Океан е изложен на силни ветрови и се смета за најопасен во Перу.

 

Според првичните информации, автобусот се судрил со камион, по што возачот изгубил контрола и излетал од патот. Паѓал 100 метри и паднал превртен на кровот на карпите до морето.  Транзитната полиција соопшти дека возачот на камионот бил приведен на сослушување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи