На сагата ѝ дојде крај, се знае и бројот кој Кутињо ќе го носи во Барса

На една од најголемите трансфер саги полека ѝ доаѓа крајот. Само детали го делат Филипе Кутињо од трансфер во Барселона и тој би можел да се официјализира уште до крајот на оваа недела. Кутињо треба да ја засили Барселона за сума од околу 150 милиони евра, односно 110 фиксни и 40 милиони варијабилни.

 

Дека трансферот е скоро и официјализиран, потврдија и најновите написи во шпанските медиуми, кои го најавија и бројот кој ќе го носи Бразилецот во својот нов клуб.

 

Имено, Кутињо се одлучил за бројот „7“, кој засега е во сопственост на Арда Туран, но знаејќи дека Турчинот со сигурност ќе го напушти „Камп Ноу“ во овој преоден рок, „седумката“ останува слободна за новото најскапо засилување на каталонскиот гигант. Кутињо го носеше бројот „7“ во Интер, па од таму и одлуката повторно да го носи на грбот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien