Општина Прилеп најавува поинтензивна соработка со владини институции од Република Унгарија

Од Општина Прилеп информираат дека воспоставувањето соработка меѓу Општина Прилеп и владини институции на Република Унгарија, како и имплементација на проекти од областа на екологијата и заштита на животната средина, биле тема на денешната средба на градоначалникот Илија Јованоски со почесниот конзул на Република Македонија во Република Унгарија, Сашо Јанакиевски.

 

„Градоначалникот Илија Јованоски при тоа го запозна Јанакиевски со главните проекти што Општината ќе ги реализира во 2018 година, а коишто за граѓаните на Прилеп се од приоритетно значење“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien