Речиси 400 милиони евра за капитални инвестиции во 2018

Премиерот Заев по работната средба со министерот за финансии Драган Тевдовски е оптимистички уверен дека во 2018 ќе имаме рекордна година за капиталните трошоци од државниот буџет за значајни инфраструктурни проекти кои ќе ја раздвижат економијата.

 

Заев рече дека оваа 2018 нема да биде година на избори, туку на работа. Им порача на стопанствениците да бидат похрабри во планирањето на бизнисот, зашто Владата ќе се насочи кон подобрување на условите за инвестирање.

 

Во 2017-та имаше забавен економски раст поради политичката криза. Од ресорот финансии за годинава предвидуваат закрепнување на економијата и повеќе инвестиции. Во државната каса за капитални инвестиции се предвидени речиси 400 милиони евра.

 

„Стабилизирањето на политичката состојба и враќањето на довербата на инвеститорите, треба да придонесе за зголемување на приватните инвестиции. Тоа е она што недостигаше претходните години. За ова да се овозможи, за прв пат во буџетот има сериозна поддршка, пред се за домашните претпријатија, покрај за странските. Поддршката вклучува поддршка за инвестиции, за отворање нови работни места, повисоки плати“, вели министерот Тевдовски.

 

Според Тевдовски, Министерството за финансии решително работело на зголемување на транспарентноста со цел враќање на кредибилитетот и довербата кај инвеститорите, а доказ за тоа се објавените  квартални извештаи за извршувањето на буџетите на сите буџетски корисници и општини.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien