Села: Концептот на Заев „едно општество за сите“ е голема лага

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска од Гостивар му се обрати на премиерот Зоран Заев и рече дека гостиварчани се исклучени од концептот „едно општество за сите“ и додаде дека тоа е само една голема лага, бидејќи ДУИ прави сè за да го блокира работењето на новиот градоначалник.

 

„Граѓаните на Гостивар се пример дека големите изјави на премиерот за едно опшество за сите и живот во Македонија за сите се само една лага зад која стојат ниски политички игри на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ДУИ“, рече Села.

 

Ова Села го изјави во рамки на посетата на Гостивар и на градоначалникот Арбен Таравари, кој е и генерален секретар на неговата партија. И Таравари обвини дека мнозинството на советот на општината што го предводи ДУИ, намерно не сакале да се расправа и да се стави буџетот на дневен ред, со цел, како што вели,  да ја закочат работата на локалната самоуправа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien