Статуата на Есиен во родната Гана ги засени оние на Роналдо и Марадона

Во годината што само што замина, спортската јавност се смееше на статуата која португалскиот ас Кристијано Роналдо ја доби во својот роден град, односно на бистата на Марадона на која беше претставен како „стара баба“, но и двете се дури и добри во однос на таа која деновиве беше презентирана во Гана во чест на Микаел Есијен.

 

Фудбалерот од Гана имаше навистина импресивна играчка кариера и долги години важеше за вистински столб во средниот ред на Челси, а со оглед начинот на кој ја претставуваше својата родна земја во светски рамки, владата во Кумаси одлучи да изработи статуа со неговиот лик.

 

За жал, истата најверојатно е многу полоша и од онаа на Роналдо и Марадона, па истата сега наидува на огромен сеир на социјалните мрежи со оглед на тоа што „ремек-делото“ од скулпторот кој го направил е навистина очајно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien